Кумановски акцијаши бараат доброволци за чистење на поплавените куќи
Кумановски акцијаши ги повикуваат граѓаните утре да заминат во поплавените подрачја и да им помогнат на жителите да ги расчистат нивните домовите.

„Сите граѓани кои имаат желба да учествуваат во акцијата за санирање на последиците од полавите во скопско можат да се приклучат на работната група. Поаѓањето е утре (недела 14.08) во 8 часот пред зградата на Црвен крст“, - се вели во соопштението на Кумановски акцијаши.
Превоз и опрема се обезбедени од општината Куманово.
Невремето минатата недела ги поплави селата Булачани, Илинден, Смилковци, Бутел, Ченто, Сингелиќ, Црешево, Стајковци, Инџиково и Арачиново.
Во изминатите неколку дена група по 20-тина акцијаши секојдневно се на терен и помагаат во расчистување на последиците од поплавите.