Кумановски носии на изложба во Скопје
13.02.2015 10:31
| KumanovoNews
Во Чифте амам во Скопје во понеделник во 18 часот, ќе биде отворена изложба на ориентални носии, меѓу кои и од кумановскиот крај.
Изложбата ја организира Музејот на македонската борба за државност и самостојност, Кумановскиот музеј, најмалиот музеј на светот од село Џепчиште и Турската културна заедница Јунус Ембре.
“Ќе бидат изложени 20 парчиња од депото на нашиот музеј. Изложбата ќе биде амбиентална, ќе биде наместена ориентална соба. Ќе има накит, ориентални носии, предмети, покуќнина, миндерлци, разгледници“ - вели Анита Цветановска, директорка на Музеј Куманово.
Од музејот ги покануваат сите заинтересирани да ја посетат оваа несекојдневна и интересна изложба.

