Мени

Магла на патот кај Страцин

18.01.2014 11:45 | KumanovoNews

На магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, кај селото Страцин, поради магла, намалена е видливоста до 50 метри.

Магла на патот кај Страцин

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци Македонија  се одвива тековно, по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Кочани - Делчево и Берово - Виница, каде е можна почеста појава на одрони.