×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Македонија ќе биде прва држава во регионот која целосно ќе се покрие со полначи за електрични возила, тврди Николовски

    01.08.2025 17:47 | KumanovoNews

    Македонија ќе биде првата држава во регионот каде насекаде ќе има достапни полначи за електрични возила, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

    Македонија ќе биде прва држава во регионот која целосно ќе се покрие со полначи за електрични возила, тврди Николовски

    „Тука сме пионери, заедно со Европската банка за обнова и развој моментално избираме консулатант кој што треба да направи студија и после таа студија да се имплементира. Мојата идеја е некаде на почетокот на вториот мандат на Владата на ВМРО-ДПМНЕ веќе Македонија да е Е-мобилна, односно да има можност за електрични возила буквално на секој агол во државата. Тоа е со цел граѓаните повеќе да не се грижат каде и колку е оддалечена следната станица за полнење, туку на едно пристојно растојание не повеќе од 10 км да има полнач” - истакна вицепремиерот Николоски.

    Во контекст на намалување на аерозагадувањето, вицепремиерот зборуваше и за планот на Владата за набавка на 120 електрични автобуси, од кои 80 ќе бидат наменети за главниот град, а останатите 40 за општините во државата. Тој појасни дека првичниот тендер е поништен зашто што пријавениот понудувач не ги исполнувал поставените услови во јавниот повик.

    “Сега работиме во рамки на министерството, идентификуваме како може да се зголеми конкуренцијата, а од стандардите нема да отстапиме, затоа што многу е лесно да купите дизел автобуси или автобуси кои што загадуваат, нашата цел е да купиме еколошки електрични автобуси кои што ќе ги исполнуваат сите стандарди, и затоа за брзо време ќе излеземе со планови во таа насока” додаде вицепремиерот Николоски.