Македонската полиција ќе добие нови униформи по европски стандарди
Македонската полиција ќе добие целосно нови модерни и функционални униформи, по теркот на европските полициски служби.

Министерството за внатрешни работи (МВР) распиша тендер за нивна набавка, со цел да се заменат старите и непрактични униформи.
„Македонската полиција заслужува да биде модерна и функционална - европска полиција. Новата униформа во себе ќе содржи елементи како виндјакна, теренска јакна, теренски панталони летни и зимски, кошули со кратки и долги ракави, капи, маички, чевли со потенок и подебел ѓон и високи зимски и летни тактички чизми“, се наведува во објавата за тендерот.
МВР контактирало 13 заинтересирани компании при што беа земени во предвид сите сугестии и предлози. Министерството апелира на тендерот да се јават сите заинтересирани компании и во утврдените рокови да може да се промовира новата, модерна, квалитетна и функционална униформа за оние кои се грижат за безбедноста на македонските граѓани.
МВР, апелира до сите заинтересирани компании навреме да се пријават на тендерот.