Меѓународна изложба на расни кучиња во Куманово
Кинолошкото друштво „Кинолог“ во сабота ќе организира Меѓународна изложба на расни кучиња, која ќе се одржи на терените на градскиот кеј во Куманово.

Расните кучиња ќе ги оценуваат меѓународно реномирани судии од Македонија, Србија и Азербејџан, а за прв пат во Македонија ќе суди и судија од Соединетите Американски Држави.
За најуспешните учесници се предвидени награди и пехари.
Покрај тоа, ќе се одржи и државна специјализирана изложба за расата кавкаски овчар, во организација на Македонскиот клуб за кавкаски овчар, на која се очекува учество на бројни излагачи од земјава, регионот и повеќе европски држави.
За пријави и дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на телефонскиот број 075 306 108 или на официјалната Фејсбук-страница Кинолошко друштво Кинолог Куманово.