Меморијалниот центар АСНОМ лани го посетиле 2000 луѓе
24.02.2015 16:08
| KumanovoNews
Над 2000 луѓе лани го посетиле Меморијалниот центар АСНОМ во селото Пелинце.
Според информациите Кумановскиот музеј најголем дел од посетителите се од земјава, но и регионот.
“ Најмногу посети имало во септември и октомври. Обично се тоа ученици од училиштата од Македонија кои доаѓаат организирано или туристи од регионот. Посетеноста на Меморијалниот центар АСНОМ последниве години се зголемува иако не е тоа драстично. Реновирано е платото пред Меморијалниот центар лани и саниран е покривот“, - вели Анита Цветановска, директорка на Музеј Куманово.
Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце е отворен на 2 август 2004 година, по повод на 60-годишнината од Првото заседание на АСНОМ.

