Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Националната установа Музеј Куманово ова година ќе добие 1,6 милиони денари од Министерството за култура за реализација на 25 проекти. Најмногу пари се предвидени за музејската дејност и археолошките истражувања.
„Генерално, задоволни сме од предвидените проекти, ако знаеме дека сме во време на економска криза во државата. Предвидени се околу 1 милион денари за музејската дејност, 420 илјади за ликовни активности, 100 илјади денари за издавачката дејност и 80 илјади денари меѓународна дејност. Реализацијата на проектите треба да започне во март годинава“, изјави Мери Николиќ, директор на установата.
Археолозите ќе вршат теренски истражување на локалитетите во Младо Нагоричане, Градиште и Бислимска клисура во селото Пчиња. Етнолозите имаат проекти, каде што имаме предвидено едукација и истражување во својата област на делување. Од ликовната дејност се повторуваат традиционалните настани како и секоја година, Ликовна колонија и Кумановски ликовни уметници, кои заеднички се подржани и од Министерството за култура и од Општина Куманово.