МОН ќе избира најдобра училишна веб страна
20.02.2016 12:40
| KumanovoNews
Министерството за образование и наука ќе избира најдобра училишна веб страна.

Сите основни и средни училишта можат да се пријават до 31 мај годинава. Веб страната треба да ја изработат редовни ученици, кои ќе бидат предводени од најмалку еден наставник од училиштето, при што не смее да се користи готов урнек. Квалитетот, оригиналноста на дизајнот и функционалноста на изработените страници, ќе бидат пресудни за победа. Селекцијата и рангирањето ќе ги спроведе Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието и Министерството за информатичко општество и администрација.