×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ изгласаа уште еден спорен ДУП, овојпат за поставување на фотоволтаици на 50 метри до куќите во Бедиње, кажа Мургашанска

    04.06.2025 18:51 | KumanovoNews

    Мнозинството во Советот на  Општина Куманово составено од ЗНАМ и ВМРО ДПМНЕ вчера изгласа Нацрт- Детален урбанистички план, со кој сериозно ќе се наруши квалитетот на животот на граѓаните од населбата Бедиње,  кажа советничката Атина Мургашанска.

    ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ изгласаа уште еден спорен ДУП, овојпат за поставување на фотоволтаици на 50 метри до куќите во Бедиње, кажа Мургашанска

    Таа денеска на прес-конференција праша, зошто на власта и се брза при крај на мандатот да протурка уште една измена на ДУП пред донесувањето на новиот Генерален урбанистички план?!

    „И покрај нашите апели дека со планираната измена сериозно ќе се наруши квалитетот на животот на граѓаните од населбата Бедиње, тие без дискусија, без аргументи зошто се прави оваа измена, повторно стиснаа ЗА за нов ДУП во ова подрачје. И вчера на седницата и денес пред јавноста прашуваме: Дали повторно фаворизираат нечиј приватен интерес пред јавниот?! Повторно ли ќе замижат пред реакциите на незадоволство на граѓаните, како во случајот на револтот на жителите од Блоковите К4 и К5? Дали ќе гледаме уште една реприза, како во случајот на измена на ДУП-от за Лидл, заради интерес на кумовско- кумашинските врски на првите луѓе во градот? Дали зад оваа инвазија на промена на Детални урбанистички планови во нивното последно лето, стојат сомнителни пресметки и цели? И конечно и најважно, дали и по цена на загрозување на здравјето на граѓаните од Бедиње, на кои на само 50 метри оддалеченост ќе им постават огромни соларни панели или популарно наречени фотоволтаици, без проширување на безбедниот појас, ќе опстојат во ова самоволие во сферата на урбанизмот?“, праша Мургашанска.

    На крајот, таа додаде дека Општина Куманово им припаѓа на сите граѓани и тие заслужуваат урбанизирање по сите стандарди и по мерка на добар живот, а не по желба на тесна група на блиски луѓе до власта.