На Градскиот плоштад може да проверите колку стаж ви платила фирмата
28.10.2014 09:55
| KumanovoNews
На Градскиот плоштад во Куманово, утре од 11 до 14 часот, граѓаните ќе можат да проверат колкав работен стаж имаат заведено во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Акцијата “Ден за вас“ ја организира Министерството за труд и социјална политика, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и МАПАС.Граѓаните ќе се информираат за својот работен стаж, првиот и вториот пензиски столб, плати, пензиско и инвалидско осигурување и слично. Од јуни 2015 година граѓаните електронски ќе имаат увид во својот работен стаж и плати со што ќе се зголеми транспарентноста и навреме ќе се корегираат грешки.
“Ден за вас“ се одржа или допрва ќе се одржи во Гостивар, Велес, Струга, Прилеп, Битола, Охрид и други градови.

