На Интернет злоупотребени лични податоци на кумановци
18.07.2014 07:04
| KumanovoNews
Шест случаи на злоупотреба на лични податоци на Интернет пријавиле граѓани на Куманово до јуни годинава во Дирекција за заштита на лични податоци.
Злоупотребите се направени со хакирање и бришење на профили.
- Претставките се однесуваат на бришење на профил на фејсбук откако корисничко име и лозинка беа хакирани, бришење на два лажни профил на фејсбук, закани упатени на профил на фејсбук за што постапката е продолжена во МВР, злоупотреба на фотографии и нивно објавување во контекст на порнографија и лажно претставување - велат од Дирекцијата за заштита на лични податоци.
Едно од основните училишта во Куманово побарало совет како да подготви документација за заштита на личните податоци.

