×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На Куманово му недостасува квалификуван кадар за потребите на приватниот сектор

    06.02.2023 19:42 | Ивана Алексовска

    Иако се зголемува бројот на ученици кои се запишуваат во стручните училишта, се уште нема доволно квалификуван кадар кој може да одговори на потребите на приватниот сектор, беше заклучокот на денешниот состанок на претставници од Министертсвото за образование, локалната самоуправа, компанииие и училиштата. 

    На Куманово му недостасува квалификуван кадар за потребите на приватниот сектор

    Кампањата „Учи паметно, работи стручно“ има за цел преку социјален дијалог да ги мапира проблемите во понудата и побарувачката на работната сила и да креира политики за нивно решавање. 

    „Преку овие социјални дијалози ние ќе видиме што е потребата на пазарот и што ќе е потребно за понатаму. Но, не треба да застануваме тука, ова е четврта година по ред и добар показател на тоа е што имаме повеќе запишани ученици во стручното образование и во дуалните паралелки, но и бројот на компаниите, како што поминува времето е поголем во однос на минатите години. Ние како Влада ќе ги разгледуваме сите можности во дел на изработка на добри и ефикасни економски пакет мерки каде што ќе ги стимулираме компаниите што ќе вработуваат од овој стручен кадар, кој завршува во стручните училишта“, изјави Јетон Шаќири, министер за образование и наука, кој присуствуваше на состанокот.

    Општина Куманово активно се вклучува во кампањата, ја поддржува соработката помеѓу средните стручни училишта и компаниите се со цел да се креираат нови профили на работници, кои се потребни во фабриките кои работат во Куманово.

    „Недостасуваат сите занаетчиски услуги, бидејќи со воведување на средното образование како задолжително замреа занаетите. Недостасуваат работници во металната индустрија и металургијата. Имаме проблеми да најдеме 25 општи работници, за плата од над 400 евра. Во Агенцијата за вработување се евидентирани над 9 илјади невработени лица, но, за жал, покажуваат мал интерес за работа. Ќе мораме да направиме доквалификација на работната сила во градот, да се подготвуваат на највиско ниво и да се работноспособни кога ќе го завршат средното образование“, рече градоначалникот Максим Димитриевски.

    Кампањата „Учи паметно, работи стручно“, оваа година започна од Куманово, а подржана е Стопанската комора и Амбасадата од Швајцарија.