Мени

На Табановце запленети гулаби

16.03.2015 14:22 | KumanovoNews

  На граничниот премин Табановце на македонско-српската граница царинските службеници, минатата недела, заплениле гулаби.

На Табановце запленети гулаби

Осум гулаби од видот поштари, лепезани, коврѓани и мелезани, откриени се при контрола на автомобил со македонски регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Гулабите се пронајдени под предните седишта на возилото.