На три локации гореле стрништа и сува трева
21.07.2016 09:13
| KumanovoNews
Три интервенции бележи противпожарната единица Куманово на запалена сува трева и стрништа на територијата на општина Куманово.

Вчера од 09.30-11.25 часот горело стрниште во селото Умин Дол, а од 13.15 до 15.35 во Ајдучка Чешма.
На ул. Тоде Мендол во периодот од 19,40- 20,10 часот пожарникарите гаснеле запалена сува трева со 1 возило и 4 пожарникара.