×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Над 120 волонтери ќе учествуваат на „Генералка викенд“ во Куманово

    08.05.2025 10:04 | Оливера Пешевска

    На „Генералка викендот“ во Куманово учество ќе земат 120 ученици од техничкото училиште „Наце Буѓони“, Гимназија „Гоце Делчев“ и економското „Перо Наков“. 

    Над 120 волонтери ќе учествуваат на „Генералка викенд“ во Куманово

    Покана е испратена до сите средни училишта, но досега потврдени се волонтери од овие три. Во еко- акцијата ќе асистираат вработени од ЈП „Чистота и зеленило“, а поканети се и членови на граѓански здруженија, невладини организации и институции, за да дадат свој придонес за почиста и поздрава околина.

    „Без оперативците на „Чистота и зеленило“ не можеме многу да постигнеме, па од претпријатието ни излегоа во пресрет да се обезбедат луѓе кои ќе помагаат во текот на акцијата, а подоцна насобраниот смет да го однесат до депонијата. До сега имавме успех со ова кампања, па се надеваме дека ќе го повториме резултатот од поранешните години. Ги покануваме граѓаните што помасовно да ни се приклучат“, истакна Александра Георгиевска Протиќ.

    Ќе се чисти зелената површина зад затворениот Градски базен, кон објект на градинката „Ангел Шајче“, како и зелените површини зад Спортската сала. Паркингот, тротоарите и спортските терени во нивна околина непречено ќе функционираат.

    Општина Куманово била меѓу првите општини која се вклучила во акцијата на невладината „Мен енд Маунтен“, учествува 5 година по ред, откако за прв пат е органзирана во 2021 година.

    Минатата година во акција учествуваа 50- тина ученици, а се интеревенираше на Спомен Костурницата.

    „Бидејќи „СОНЧЕВА – Земјата на сонцето“ е куќата во која живееме сите, сосема е природно да направиме пролетно чистење на нашите домови, градини, улици, соседство. Затоа ја организираме оваа пролетна акција за чистење секој мај, во период од десет години: од 2021 до 2031 година (од 30-тиот до 40-тиот роденден на нашата земја) со цел да ја исчистиме нашата земја од отпадот од минатото и да го рециклираме во зелена иднина за нас и генерациите кои доаѓаат“, стои во повикот на Генералка Викенд.

    Акцијата е поддржана од Министерството за животна средина и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), како и од ЈП „Национални шуми“.

    Овогодинешната „Генералка викенд“ ќе се одржи помеѓу 9-11 мај 2025 година во сите општини на Македонија, и ќе учествуваат над 20.000 волонтери.