Над 200 болни ќе гласаат дома
11.04.2014 14:12
| KumanovoNews
Во Општина Куманово вкупно 215 болни ќе гласаат во домашни услови за претседателските избори.

Од вкупно 243 пријавени како болни одобрено им е гласање на 215. Вкупно 81 избирачки одбор ќе спроведе гласање за болни. Во Општина Куманово има вкупно 85.203 гласачи и 5092 гласачи од дијаспората - изјави Виолета Арсовска, претседател на Општинска изборна комисија Куманово.
Утре гласаат затворениците и раселените лица, а во недела своето избирачко право ќе го остварат сите останати граѓани.