Наставничкиот пленум на протест во Скопје
30.05.2015 10:28
| KumanovoNews
Членови на Наставничкиот пленум од Куманово утре во 17 часот ќе протестираат пред Министерството за образование во Скопје, со барање да се ревидира екстерното тестирање.

На протестот покрај наставници од повеќе градови од Македонија, ќе има и средношколци и родители.
“Бараме да се ревидира екстерното тестирање, и сакаме да го искажеме револтот затоа што ресорното министерство нема слух за нашите барања, а се во интерес на подобар воспитно-образовен процес. На протестот ќе има наставници од Битола, Охрид, Тетово и други градови“ - велат од Наставнички пленум Куманово.
И овој протест е под мотото “Стоп за лошите реформи“.