Наврнаа 10 литри дожд на метар квадратен
23.01.2015 08:34
| KumanovoNews
Во кумановско ноќеска наврнаа 10 литри дожд на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје.
И во текот на викендот не очекува променливо облачно време со врнежи од дожд.
“Во текот на денешниот ден повторно не очекуваат врнежи од дожд. Утре во јужните делови на земјата ќе има врнежи од дожд, а во другите краеви тие ќе бидат послаби. Во недела претпладне ќе врне, а попладне ќе биде постудено и ќе дува северен ветер. Времето ќе биде суво во понеделник“ - вели Ленче Ризова, дежурен синоптичар во УХМР.
Ноќеска во Скопје наврнаа 11 литри дожд, во Тетово 9, Претор 5, Крива Паланка 3, Демир Капија 25, Крушево 22, Кавадарци 16, Прилеп 12 литри на метар квадартен.

