×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нулта толеранција за насилство врз жените - порака од Форумот на жени на СДСМ

    25.11.2022 22:57 | Оливера Пешевска

    Нашите заложби се за градење на фер, праведно и еднакво општество базирано на принципите на родова еднаквост во секој сегмент од живеењето. Цврсто стоиме на заложбата за нулта толеранција за насилство врз жените и девојките, кажа Сања Јовановска, претседателка на Комисијата за родова еднаквост на Форумот на жени на СДСМ Куманово, по повод отпочнување на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, која започна денеска на 25 ноември - Меѓународен ден за елиминација на насилство врз жените и трае до 10 декември - Меѓународниот ден на човековите права.

    Нулта толеранција за насилство врз жените - порака од Форумот на жени на СДСМ

    „Континуирано ги унапредуваме правата на жените со заштита од дискриминација и родово базирано насилство. Веднаш по доаѓањето на власт ја усвоивме Конвенцијата на Советот на Европа заспречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство - Истанбулската конвенција, како и Национален акциски план за нејзина имплемент ација. Со Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство државата воспостави сеопфатни и интегрирани политики да превенира и да ги заштити жртвите на насилство“, вели Јовановска. 

    Еднаквите права на жените и девојчињата се приоритетни теми што се оденсува на човекови права, вклучително и важните прашања за спречување на насилство врз жените.

    „Должност на секој од нас е да реагираме, да пријавиме,секој од нас може да спречи насилство, а жртвите на родово базирано насилство, жени и девојчиња, треба да знаат дека не се сами. Тука сме ние, нашите партнери - граѓанските организации, чија улога во општеството е многу значајна и секако подршката од меѓународните организации, затоа што насилството не признава пол, вера, нација, образование, професија, политичка припадност. Само заедно со заедничка борба може да ја добиеме битката против насилството“, додаде Јовановска.

    Таа смета дека насилството не смее да се премолчува и затскрива, а претрпеното насилство не смее да предизвикува срам, туку спротивно, во борбата против насилство врз жените и девојчињата треба гласно да се зборува,со цел негово спречување и обесхрабрување на лицата, потенцијални вршители на насилство.