Нови успеси на младите пингпонгари на „Куманово“
Младата екипа на ППК „Куманово“ постигна завидни резултати на 9-то Државно поединечно првенството за играчи до 21 година, кое викендов се одржа во Пехчево.
На првенството настапија Андреј Васевски, Јаков Кузмановски и Јаков Јакимовски.
Прво место, златен медал и титула Државен првак освоија Јаков Јакимовски и Моника Стајковска од ППК "Зегин Берово", додека бронзен медал и трето место во игра на двојки за Васевски и Јакимовски.
"По одличен почеток во Прва лига за сениори и добро спроведени мини подготовки, нормално беше и да се очекува добар резултат и на оваа Државно првенство. Во поединечна конкуренција Васевски и Кузмановски изборија пласман во елиминацискиот дел, додека Јакимовски избори пласман во осумте најдобри на оваа првенството а со тоа и право да учествува на ТОП 8 за играчи до 21 година. Да бидам искрен оваа е резултат што длабоко во себе го очекував“, ни истакна тренерот на ППК "Куманово" Мики Трендафиловски.

