Нови вработувања во Здравствениот дом Куманово
21.02.2015 11:10
| KumanovoNews
Во Здравствениот дом Куманово постојано вработување ќе добијат 18 лица, од кои девет се волонтери кои веќе се ангажирани во установата.
Меѓу нововработените се тројца лекари, една медицинска сестра и пет возачи. Оние кои ќе го положат испитот по англиски јазик и стручниот испит ќе бидат примени на работа.
“ Еден лекар ни треба за рурални средини и два доктора се потребни за во Брза помош. Сестра ни треба за затворот во Кшање и овие возачи што се по договор, конечно ќе се вработат“ - изјави Миомир Панковски, директор на Здравствен дом Куманово.
Панковски вели дека и деветте волонтери: медицински сестри, лаборанти, хигиеничарки и книговодител се меѓу оние кои ќе добијат решенија.

