Мени

Новогодишен продажен базар во “Христијан Карпош“

23.12.2014 14:22 | KumanovoNews

Во основното училиште “Христијан Карпош“ денеска се одржува новогодишен продажен базар, на кој се продаваа рачноизработени украси.

Новогодишен продажен базар во “Христијан Карпош“

Нив ги направија учениците и учителките, а собраните пари ќе бидат употребени за потребите на одделенијата.

 “Украсите се направени на работилници со ученици од 1 до 5 одделение. Има навистина интересни, помали, поголеми украси, колачи, лампиони и нив ќе ги купуваат наставниците, колегите, родителите, а собраните средства од продажба ќе бидат наменети за набавка на наставно нагледни средства за одделенијата“ - кажа Лидија Костиќ, директорка на “Христијан Карпош“.

Овие активности се дел од владиниот проект “Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“.