Мени

Новогодишна претстава “Дедо Мраз не е лесно и со нас“

23.12.2014 11:59 | KumanovoNews

Во театар Куманово утре и задутре во неколку термини ќе игра детската новогодишна претстава “Дедо Мраз не е лесно и со нас“.

Новогодишна претстава “Дедо Мраз не е лесно и со нас“

Во претставата играат тројца актери: Роберт Ристов, Сашо Ристовски и Мирјана Ристов.

“Се работи за новогодишна претстава за деца. Бидејќи имавме сега брзо две премиери, сакавме да го збогатиме репертоарот и со детска претстава  за да имаме претстави за публика од сите возрасти“ - вели Симона Тоскиќ, продуцент во Театар Куманово.

Новогодишната претстава ќе ја погледнат основците од градот.