Објавен повикот за учество на изложбата „Кумановски ликовни уметници 2026“
15.09.2026 11:57
| KumanovoNews
Кумановскиот музеј го објави повикот за учество на академските ликовни уметници од Куманово на традиционалната изложба „Кумановски ликовни уметници 2026“, која ќе се одржи по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово.
Пријавувањето трае до 10 октомври во Уметничката галерија при НУ Музеј – Куманово.
„Секој учесник треба да пријави едно ликовно дело, по можност неизложувано, од својата најнова продукција. При доставувањето на делото потребно е да се приложат и биографија на авторот, насловот и димензиите на делото“, објави организаторот.
Изложбата е дел од програмските активности на НУ Музеј – Куманово и е финансиски поддржана од Министерството за култура и туризам и Општина Куманово.