×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обновено: Починатиот маж е од населбата Карпош

    16.02.2016 11:49 | KumanovoNews

     Моша Б. (54) од населбата Карпош е мажот кој што вчера беше пронајден мртов, во разурнатата зграда на поранешно стрелиште, спроти Спомен Костурницата.

    Обновено: Починатиот маж е од населбата Карпош

    Од кумановското јавно обвинителство велат дека Моша излегол од дома пред два дена, по што најверојатно поради здравствени проблеми паднал и починал.  На телото немало траги на насилство и бидејќи се работи за природна смрт нема основ за подигање на кривична пријава. Идентификувањето на починатиот го извршило неговото семејство.

     Безживотното тело на човекот вчера околу 14 часот го пронашле момчиња од населбата Средорек, кои веднаш пријавиле во полиција.

    Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово. 

    Очевидци велат дека лицето било облечено во сина работничка јакна, без обувки на нозете и со засукани ногавици.