Обука за јавни набавки во општина Старо Нагоричане
16.09.2014 07:36
| KumanovoNews
Во просториите на општина Старо Нагоричане, викендов се одржа првата интерна обука на тема “Запознавање со Законот за јавни набавки и насоки за правила примена“, која ја водеше Горан Доневски, службено лице за јавни набавки во општината.
Обуката беше наменета за вработените во општината и претставници на општинските основни училишта.
“Обуката е прва од предвидените неколку интерни обуки кои ќе се одржат во наредниот период од страна на обучени лица од општината со цел подобра и поквалитетна примена на соодветните закони во општината и јавните општински установи“ - велат од општина Старо Нагоричане.
Овие обуки се замена на скапи обуки кои би се организирале од надворешни установи, а целта е да се постигне истиот ефект.

