×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обвинителството поведе постапка за говор на омраза на кошаркарскиот натпревар во Куманово

    04.08.2025 09:35 | KumanovoNews

    Основното јавно обвинителство од Куманово отвори постапка и му издаде насоки на СВР Куманово за истражување на елементи на кривично дело поврзано со скандирања со говор на омраза од страна на непознати лица.

    Обвинителството поведе постапка за говор на омраза на кошаркарскиот натпревар во Куманово

    Инцидентот се случи за време на кошаркарскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Романија, одигран на 2 август во Куманово.

    Од Обвинителството велат дека е издадена и наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот со цел да се идентификуваат сторителите.

    Натпреварот беше прв од квалификацискиот циклус за Светското првенство во 2027 година, а македонската репрезентација загуби од Романија со резултат 72:80. Со овој спортски настан беше свечено пуштена во употреба реконструираната спортска сала во Куманово.

    На натпреварот присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, со повеќе министри и државни функционреи, а домаќин им беше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.