×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Oдбележaн 80 - годишниот јубилеј на ОУ „Кочо Рацин“

    31.05.2025 08:56 | Оливера Пешевска

    Основното училиште „Кочо Рацин“ синоќа го одбележа патрониот празник и 80 години од постоењето, со приредба во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

    Oдбележaн 80 - годишниот јубилеј на ОУ „Кочо Рацин“

    „Училиштето со години наназад ја гради нашата историја, со генерации на ученици, наставници и соработници. Гордо го носи името на Кочо Рацин, кој не е само поет, тој е совеста на еден народ. Опстојува во своите заложби достоиствено да продолжи во процесот на воспитување и образување на нови генерации личности со вистински вредности, кои ќе бидат столб на нашето општество и одговорни градители на иднината“, истакна во поздравниот говор директорката Галаба Давчевска.

     Во музичко- сценскиот настап наречен „Рацинови“ учествуваа повеќе од 300 ученици од сите генерации на училиштето. Преку кратки скечеви, на хумористичен начин  го претставија секојдневниот ученички живот, нивните „маки“, односот кон професорите и меѓусебното дружење. На сцената се пееше и играше на популарни, македонски еверегрин мелодии.

    Во подготовка на претставата помогнале актерот Никица Јанковски и кореографката Бојана Кимевска.  

    Основното училиште “Кочо Рацин“ e основано како прво училиште на македонски јазик во слободно Куманово, во јануари 1945 година, како Народно основно школо „Св. Климент Охридски“. Било сместено во зградата на денешното ОУ „Крсте Мисирков“, а работело и во зградата на Гимназијата. Во 1983 година е преместено во модерна новоизградена зграда во населбата „Гоце Делчев“.

    Во училиштето учат ученици од населбите Гоце Делчев, Зелен Рид, Јане Сандански и селата Проевце, Доброшане и Биљановце, во централното и 7 подрачни училишта.