×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општината ќе стопанисува со новите базени

    08.07.2016 10:46 | KumanovoNews

    Општината ќе стопанисува со новите базени,  кои наскоро ќе  бидат пуштени во употреба.

    Општината ќе стопанисува со новите базени

     Советниците го подржаа предлогот на градоначалникот, Секторот за спорт и култура да управува со базенот, а  јавните претпријатија „Водовод“ и “Чистота и зеленило„ да се грижат за нивно одржување.

    „Има пречка во законот општината да го даде на стопанисување базенот на некое од јавните претпријатија . Доколку формираме ново претпријатие за стопанисување со спортски објекти тоа ќе чини многу повеќе од одржувањето на базенот. За да не создаваме нови трошоците ќе ги искористиме постоечките вработени во општината и претпријатијата. Ова ќе биде пробно, па доколку има потреба ќе менуваме некои работи,  - рече Дамјановски.

    На почеток ќе работи само отворениот базен, а поради спецификата затворениот ќе отпочне малку подоцна. Нема да работи ни угостителскиот дел кој ќе се даде на стопанисување на приватен субјект.