Општините да конкурираат за “Град на култура 2015“
17.11.2014 09:46
| KumanovoNews
До 15 декември општините можат да конкурираат во Министерството за култура за манифестацијата “Град на културата во 2015 година“.
Градовите треба да достават прецизна фестивалска програма со краток осврт на проектите. Да приложат документ за обезбедените средства од други извори на финансирање (локална самоуправа, сопствено учество, спонзорства, донации, друго). Пријавата и програмата за конкурсот може да се достават до Министерството за култура по пошта на адреса: ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61 - Скопје или во писарницата на Министерството за култура најдоцна до 16:30 часот на последниот ден од конкурсот.
Манифестацијата “Град на културата во 2015 година“ ќе придонесе за повеќе културни настани на локално ниво во Македонија.

