Општински противпожарен квиз во “Браќа Миладиновци“
14.11.2014 15:13
| KumanovoNews
Во основното училиште “Браќа Миладиновци“ наредната недела ќе се одржи општински противпожарен квиз во организација на Општински противпожарен сојуз Куманово.
На квизот ќе учествуваат осум основни и четири средни училишта од Куманово.
“Темата е иста како и претходните години за противпожарна заштита. Учениците учат од скрипти за пожари во урбани средини и пожари во шумски или отворен простор. Победниците од општинскиот натпревар ќе учествуваат на 28 ноември на регионален натпревар во Свети Николе, а ако се пласираат добро ќе учествуваат на државен натпревар во декември“ - вели Часлав Јовановиќ, секретар на Општински противпожарен сојуз Куманово.
Општинскиот противпожарен натпревар годинава се одржува по 30 - ти пат.

