×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ослободување од работа за бремените жени и лица постари од 60 години, препорача Владата

    22.07.2025 22:24 | KumanovoNews

    Владата ја усвои информацијата и издаде препораки до работодавачите кои важат од утре до сабота, / 23 до 26 јули/, со кои се препорачува ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години, и да се овозможи и работа од далечина, флексибилно и двократно работно време каде што е тоа изводливо.

    Ослободување од работа за бремените жени и лица постари од 60 години, препорача Владата

    Предходно Министерството за здравство препорача граѓаните да се заштитат од високите температури, по најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) дека се очекува значително зголемување на дневните температури.

    „Престојување во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11 до 17 часот, внесување доволно течности, избегнување алкохол и засладени пијалоци, носење лесна, светла облека и користење заштита за глава и очи, избегнување физичка активност во најтоплите часови од денот, посветување внимание на деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени, да се одложат активности на отворено во најтоплиот дел од денот и да се обезбедат микроклиматски услови (разладени простории со температура до 25 степени целзиусови) на работното место и во домот, а во случај на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс веднаш да се побара медицинска помош“, стои во препораката на Министертсвото за здравство.
     
    Дополнително, Владата потсетува на веќе важечките мерки од акцискиот план, а тоа се одложување на работниот процес од 11:00 до 17:00 часот за работници изложени на директна топлина, обврска за обезбедување микроклиматски услови за работа – простории со температура до 25°C, освен каде што природата на работата не дозволува поинаку, континуирано информирање на јавноста преку институциите, активирање на интерните протоколи за работа во вонредни услови во сите здравствени установи, домови за стари лица и образовни институции.

    Истовремено Министерството за здравство апелира населението да се придржува до постоечките препораки за самозаштита а тоа се престојување во разладени простории, особено од 11 до 17 часот, внесување доволно течности, избегнувајќи алкохол и засладени пијалоци, носење лесна и светла облека, користење заштита за глава и очи, избегнување физичка активност во најтоплите часови.

    При симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс – веднаш да се побара медицинска помош да се седи во разладени простории (до 25°C) на работното место и во домот.