Откриени мигранти во Ваксинце и Лојане
22.07.2016 15:09
| KumanovoNews
Над 30 мигранти се пронајдени во липковските села Ваксинце и Лојане, на македонско-српската граница.

Мигрантите престојувале на отворен простор во шумата над селата. По приведувањето било утврдено дека илегалните мигранти се: 22 од Сирија, 5 од Пакистан и по 2 од Авганистан и Мароко.