Отља утре без струја
11.02.2014 16:14
| KumanovoNews
Прекин во напојувањето со електрична енергија ќе има утре во липковското село Отља од 8 до 15 часот.

Во североисточниот регион утре без струја од 9.30 до 15 часот ќе бидат и жителите на кратовското село Крилатица.
Од ЕВН информираат дека прекините се заради изведување на инвестициони зафати во мрежата со цел подобрување на квалитетот на услугите.