×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Oтворен ден во „Наце Буѓони“ - промовирана нова насока техничар за возила на алтернативен погон

    15.05.2025 14:15 | Оливера Пешевска

    Со воведување на новиот наставен профил- техничар за возила на алтернативен погон, средното техничко училиште „Наце Буѓони“ „фаќа“ чекор со современите трендови и актуелните потреби на општеството и пазарот на труд.

    Oтворен ден во „Наце Буѓони“ - промовирана нова насока техничар за возила на алтернативен погон

    Тој и останатите профили беа презентирани пред деветооделенците на отворениот ден во училиштето, одржан на платото пред влезот на училиштето.

    Со новините кои се воведуваат на македонски наставен јазик веќе нема да има запишување на ученици во профили и насоки со тригодишно образование.

    „Интересот за профилити со тригодишно образование постојано опаѓа, па затоа воведуваме новина со насоката техничар за хибридни возила и возила на електричен погон, кои се иднината во авто- индустријата. Смеровите, профилите и струките што ги имаме во нашето училиште се во тренд со актуелната состојба, општеството и приликите во опкружувањето околу нас. Слободно можам да кажам дека последните 5-6 години добро поминуваме на уписите за прва година, ќе видиме што ќе се случи токму на денот на уписите“, истакна директорот Драган Јаневски.

    Кај наставата на албански јазик остануваат уште две струки со тригодишно образование, електромеханичар и конструкциски механичар.

    Наставата во „Наце Буѓони“ е поделена на три струки, најстарата е машинската која започнала со настава во 1964 година. Во неа се зпишуваат ученици за техничар за компјутерско управување, машинско- енерегетски- техничар и веќе споменатата новововедена насока. Во електро струката учениците можат да избираат меѓу електричар- енергетичар и компјутерска техника и автоматика, како и техничар за индустриска мехатроника- дуална паралелка која се спроведува во соработка со погон во Куманово на индустриски гигант од странство.

    Здравствената струка, односно општо медицинско образование за медицински сестри стандардно се пополнува уште во првиот уписен рок, и постои интерес кај децата.

    „Постојано сме во контакт со претставници од бизнис заедницата, има интерес за формирање на дуални паралелки во профилите актуелни во средното стручно образование. Трендот е да воведеме што поголем број на дуални паралелки“, објасни Јаневски.  

    Според конкурсот на Министерствот за образование и наука (МОН) во прва година има слободни места за вкупно 637 ученици во 19 паралелки- 297 ученици во 9 паралелки со настава на македонски јазик и 340 ученици во 10 паралелки со настава на албански јазик.

    За лобирање меѓу потенцијалните ученици на настанот беа присутни медицински сестри од Општа болница  и Здравствен дом од Куманово. Дел од нив посочија дека недостасуваат акушерки и лаборанти, па предложија воведување и на вакви насоки во рамките на здравствената струка.

    Сите образовни профили беа претставени на посебни штандови, со изработени макети во работилниците на училиштето, како и наградени проекти, конструирани и изградени од самите ученици. За да се пофалат со добрите услови во специјализираните кабинети и работилници беа делегирани ученици – водичи кои посетителите ги спроведуваа низ училиштето.

    „Со воведување на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ од страна на МОН, и со воведување на дуални паралелки во средните стручни училишта интересот се сврте кон струката, на сметка на гимназиското образование, кое порано предничеше со број на запишани ученици и преполни паралелки. Учениците паралелено со теоријата која ја учат во училиштето, во компаниите стекнуваат практични вештини, што по матурирањето претставува готов производ на пазарот на труд“, потенцираше Александар Јовановиќ, раководител на Секторот за образование.

    Во Општинското средно техничко училиште „Наце Буѓони“ настава посетуваат повеќе од 1.900 ученици. Традиционално училиштето запишува најголем број на ученици во градот.