Отворена изложба на скулптури на Анета Божинова
Во Уметничката галерија во Куманово, завчера вечер биде отворена изложбата на скулптури „Круг како езотеричен сегмент„ на Анета Божинова од Скопје.

Скулптурството е макотрпна работа, но големата љубов го прави своето.Изложени се 13 скулптури работени е езотеричен систем. Изложбата е препознатлива по крхкоста, извивањето на човековата фигура до неговата максималност. Тука е прикажана човековата кршливост, а сепак и цврстина со цел да се постигне максималното извивање и движење на човекот - вели авторката.
На скулпторката Божинова, ова и е четриринасета самостојна изложба,а првпат се претставува пред кумановската јавност. Досега изложувала во Хрвтска, Србија, Франција, Бугарија, Германија, Австрија и дрги земји. Основна идеја и е повеќе да ја промовирам македонската култура.
Изложбата ја организира Заедницата на Хрватите во Република Македонија - огранок Куманово во соработка со Музејот Куманово и локалната самоуправа. На отварањето присуствуваше амбасадорот на Хрватска во Република Македонија, градоначалникот на Куманово и голем број на љубители на уметноста.