Отворени избирачките места во Старо Нагоричане и Липково
13.04.2014 07:12
| KumanovoNews
Сите избирачки места во Општина Старо Нагоричане и Општина Липково се отворени утрово во 7 часот и гласањето тече во демократска атмосфера.

Отворени се сите 38 избирачки места во општината. Екипи тргнаа рано утрово со џипови во 3 часот за да ги отворат гласачките места во планинските села навреме. Се гласа во училишта, месни заедници, а онаму каде нема услови и во семејни куќи - вели Филип Чавдаровски, член на ОИК Старо Нагоричане.
И од Општина Липково потврдуваат дека сите 36 избирачки места се отворени навреме.
Во Општина Старо Нагоричане ќе гласаат 3600 гласачи, а во Општина Липково 23566 гласачи.