×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дрво падна во Средорек, столб се накриви кај „Макпетрол“

    04.08.2025 22:06 | KumanovoNews

    Вечерва околу 21 часот падна дрво и оштети автомобил на улицата „Доне Божинов“ во нас. Средорек, додека на ул. "Доне Божинов" се откачил електричен столб.

    Дрво падна во Средорек, столб се накриви кај „Макпетрол“

    Инцидентот, најверојатно предизвикан од дождот, го попречи сообраќајот и предизвика сообраќаен метеж, бидејќи во тој момент на улицата имаше поголем број возила и пешаци. Дрвото е исушено и оштетено и се наоѓаше покрај коритото на Липковка.  Очевидци велат дека за влакно е избегната трагедија, доколку огромниот трупец паднал на некој од автомобилите или врз граѓаните кои ги имаше во голем број.

    Само стотина метри понатаму, на влезот кон бензинската пумпа „Макпетрол“, пред семафорите, е забележан нов сериозен проблем – електричен столб  кој е значително накривен. Испаднеле дел од шрафовите кои го држеле на тротоарот. Доколку столбот целосно падне, може да предизвика материјална штета, а потенцијално е и опасност по безбедноста на граѓаните.

    Граѓаните апелираат до надлежните институции итно да интервенираат и да ја обезбедат локацијата пред да дојде до посериозни последици.

    "Вечерашното невреме, кое и не беше со некој голем интензитет,  откри колку е дотраена и колку не се одржува инфраструктурата во градот“, коментираат граѓаните  и апелираат за брза реакција на надлежните.