“Панче Пешев“ успешно се претстави во Дојран
20.08.2013 13:26
| KumanovoNews
КУД “Панче Пешев“ викендов настапи во Дојран каде пред публиката се претстави со целовечерен концерт.
Настапот беше доста квалитетен, според кажувањето на организаторите. Изведовме програма и кореографија со ора од кумановскиот крај со ансамблот и 3 оркестри, изворен, народен, зурли и тапани. Како специјален гостин настапи Нино Величковски. Настапивме кај чинарот, преполно беше, публиката беше презадоволна - вели Мирослав Крстевски, претседател и уметнички раководител на КУД “Панче Пешев“.
Манифестацијата ја организираше Хуманитарното здружение за спас на Дојранското Езеро.Кон крајот на месецов КУД “Панче Пешев“ ќе учествува на традиционалната Пијанечко - осоговска свадба во Делчево.

