Панихида за Драган Богдановски
30.05.2015 09:37
| KumanovoNews
Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово, утре во 11 часот на Градските гробишта организира панихида за Драган Богдановски.

Со ова членовите на партијата сакаат да му оддадат почит на Богдановски.
Драган Богдановски е роден на 18 септември 1929 во кумановското село Клечовце, а починал во Федериција, Данска на 31 мај 1998 година. Бил еден од најпознатите македонски политички емигранти по 1945 година и еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ. Богдановски 30 години бил во челните редови на патриотски настроената македонска емиграција.