×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пет години не доаѓал на работа а земал плата, кривична пријава за петмина вработени во АХВ

    04.09.2025 09:32 | KumanovoNews

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. 

    Пет години не доаѓал на работа а земал плата, кривична пријава за петмина вработени во АХВ

    „На 30. мај 2024 била извршена контрола во просториите на Агенцијата за храна и ветеринарство-Подрачна единица Куманово и  од извршениот увид во списоците за редовност било констатирано дека првопријавениот Р.Е. (51) од општина Липково-вработен во Подрачната единица Куманово на работно место помлад референт-архивар, во периодот од 01.12.2018 до 30.04.2024 воопшто не доаѓал на работа, а редовно примал плата и придонеси од буџетски средства. Второпријавениот З.А.(59) од Скопје, вршител на должноста директор на Агенцијата за храна и ветеринарство до 14.декември 2020, свесно дозволил првопријавениот да прима плата и придонеси иако не ги извршувал своите работни задачи. Третопријавениот Н.Б.(61) од Битола, вршител на должноста директор во Агенцијата за храна и ветеринарство, од 15.12.2020 до 03.07.2024 дозволил да се продолжи со исплатата на плати на Р.Е., кој не се појавувал на работа во текот на целиот свој работен ангажман. Четвртопријавениот А.Б.(59) од Скопје, на работно место раководител на Одделение за финансиски прашања во Аагенцијата, во периодот од декември 2018 до април 2024 година, без да изврши соодветна проверка на редовноста, потпишувал финансиски извештаи и одобрил исплата на месечните плати и придонеси на првопријавениот иако не бил во списоците за присутност. Петтопријавениот С.К.(58) од Штип, вработен како раководител на Одделение во агенцијата, од декември 2018 до април 2024 година не презел мерки за спречување на незаконитата состојба во врска со првопријавениот.  Со ваквите дејствија на првопријавениот противправно му биле исплатени 1.159.081 денари, а државниот буџет бил оштетен за сума од 1.682.759 денари, соопшти МВР.