Петок неработен ден за припадниците од српската заедница
24.01.2017 15:22
| KumanovoNews
Свети Сава, петок е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека тоа е согласно Законот за празниците на РМ.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија им го честита празникот Свети Сава.