Пијан кумановец во штаб на ВМРО скинал знаме на ЕУ
        20.04.2011 12:35
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      З.М.(44) од Куманово во алкохолизирана состојба го скинал знамето на ЕУ, ставено во канцеларијата за контакт со граѓаните на ВМРО-ДПМНЕ на улицата „Трета МУБ„, а потоа ги навредувал присутните граѓани.
 
                  Нападот се случил вчера во 19.15 часот. Веднаш била повикана полицијата и го привела, но тој продолжил со недоличното однесување и навредите и кон службените лица. Против З.М. ќе биде поднесена прекршочна постапка за нарушување на јавен ред и мир, заради омаловажување на полицаец и кинење на знаме.



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  



