Мени

Поднесени барања за оштета од минатонеделните поплави

29.01.2015 10:16 | KumanovoNews

Пет барања за проценка на штети настанати од поплавите на 23 и 24 јануари, досега се поднесени до општина Куманово.

Поднесени барања за оштета од минатонеделните поплави

Жители на селата Клечовце, Јачинце, Градиште и Шупли Камен бараат обештетување за поплавеното обработливо земјоделско земјиште и поплавени помошни простории. Граѓаните најдоцна до 2 февруари до 15 часот, можат да поднесат барање за проценка на штети во архивата на општина Куманово.