Поплавите ќе ги уништат посевите со жито
27.01.2015 10:37
| KumanovoNews
Поплавите кои деновиве го зафатија кумановско ќе ги уништат посеаните житарици, велат агрономите.
Поплавено беше земјоделско земјиште во селата Шупли Камен, Довезенце, Јачинце, Клечовце, Пчиња и други.
“Онаму каде водата брзо се повлекла не е страшно, но ако водниот талог се задржи ќе доведе до гниење на посеаните житарици. Семето кое е посеано ќе угине во тињата. Во кумановско најпогодени ќе бидат житариците, бидејќи раноградинарските култури подоцна се расадуваат. На пролет може да се засади пченка, но за житата е доцна“ - вели Милан Ванчевски, агроном.
Според експертите, честите поплави последниве неколку години се резултат на климатските промени.

