Поради дефект фонтаната „Батко Ѓорѓија“ не работи
19.05.2015 15:20
| KumanovoNews
Поради дефект на електрична инсталација, фонтаната “Батко Ѓорѓија“ на Градскиот плоштад не работи.
Од јавното претпријатије „Водовод“ велат дека дефектот во најбрз можен рок ќе биде саниран , и фонтаната ќе проработи.
Вообичаено во овој период фонтаната би требало да работи, но сега имаме дефект и затоа е исклучена. Во меѓувреме другите фонтани во градот функционираат. На кеј една фонтана е пуштена, една не, во Стариот градски парк една работи, една не, во Соколански парк работи фонтаната, исто и спроти плоштад, пред Центарот за култура, кај Пионерски дом и кај основните училишта “Крсте Мисирков“ и “Браќа Миладиновци“- објаснуваат од “Водовод“.
Несовесните граѓани базенот на фонтаната “Батко Ѓорѓија“ го наполниле со отпадоци.

