Поради дефект неколку села немаат струја
23.10.2015 11:12
| KumanovoNews
Поради дефект денеска неколку кумановски и липковски села немаат струја.

Без напојување со електрична енергија се жителите на селата Долно и Горно Којнаре, граничен премин Табановце, Умин Дол, Ропаљце, Љубодраг, Лукаре и Глажња, информираат од ЕВН Македонија. Нивни екипи работат на санирање на дефектите.