Мени

Поради магла намалена е видливоста кај Страцин

26.01.2015 08:48 | KumanovoNews

Поради појава на магла, видливоста кај село Страцин е намалена од 50 до 100 метри, стои во извештајот од Авто мото сојузот на Македонија.

Поради магла намалена е видливоста кај Страцин

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по наместа влажни коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Се потсетуваат возачите на законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Таа обврска ќе трае до 15 март.