×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Повеќе од еден месец нема трага од исчезнатиот кумановец

    24.01.2017 15:03 | KumanovoNews

    Повеќе од еден месец нема трага ни глас од исчезнатиот кумановец, Драган Цветковски (59), кој на 19 декември минатата година излегол од својот дом во населбата „Гоце Делчев„ и не се вратил.

    Повеќе од еден месец нема трага од исчезнатиот кумановец

     Поради снегот и ниските температури семејството ја прекинало потрагата, бидејќи незнаат каде да го бараат откако го поминале теренот во градот и периферијата.

    „Нема ништо ново, како да пропадна човекот во земја. Ние незнаеме каде веќе да го бараме, а од полицијата ништо не кажуваат. Предложивме да се прегледаат снимките од камерите на раскрсниците, но немаме информација дали го сториле тоа. Останува да се недевме дека ќе го најдеме, но помина многу време. Се плашиме да не му се случило најлошото„, - велат од семејството.

    Тие се разочарани што полицијата не реагирала веднаш по исчезнувањето на Драган, туку чекале да поминат 24 часа и непотребно се изгубило многу време во потрагата. Сметаат дека таа процедура треба да се почитува кога се работи за здрави луѓе, но не и за оние што имаат здравствени проблеми.

    „ Ова е втор случај за 6 месеци да исчезне повозрасно лице.Прво беше една жена. Слушаме разни верзии дека ги киднапирале за органи и други црни сценарија, но тоа се постари луѓе и не верувам во такво нешто. Но, мора да се открие за што се работи, бидејќи има нешто сомнително„, - додаваат од семејството.

    Драган последен пат бил виден на 19 декември, околу 14.30 часот на Градскиот кеј како шета покрај реката, а потоа кај Зелениот пазар. Семејството бараше да се прошири истрагата и во соседните градови, а ги повика граѓаните кои имаат видео камери на своите куќи или деловни објекти да помогнат во потрагата.

     Драган е висок околу 180 сантимерти, со црна коса. Облечен е во сива јакна, темно кафени пантолони со сива капа на главата.

    Доколку некој има некаква информација нека пријави во полиција или на телефонскиот број 071/559-608.